Connect with us

Фудбал

Евертон има нов менаџер

Евертон потврди дека нивниот нов менаџер е Шон Дајч. Клубот на своите официјални канали објави дека 51-годишниот Англичанец ќе го води до летото 2025 година и дека првиот натпревар на клупата ќе го одигра во сабота кога на Гудисон Парк ќе дојде водечкиот Арсенал.

„Чест е да се биде тренер на овој клуб. Мојот стручен штаб и јас ќе направиме се за да го вратиме овој голем клуб на вистинскиот пат. Знам се за тоа колку значи овој клуб за навивачите и подготвен сум за работа. Ова повлекува многу пот и напор, но сакаме да им дадеме на навивачите добро чувство и ни треба нивната поддршка“, изјави Дајч за официјалната веб-страница.

Тој остави најголема трага во Барнли, кој двапати го водеше во Премиер лигата и заврши на одличното седмо место во 2018 година. Се пласираше и во Лига Европа, а доби отказ во април минатата година кога тимот беше во зоната за испаѓање и на крајот испадна од лигата.

Дајч го наследи Френк Лампард на клупата на Евертон, кој доби отказ по катастрофалната серија резултати што му се закануваше на Евертон со испаѓање по речиси седумдесет години. Евертон е без победа во седум натпревари во сите натпреварувања.