Connect with us

Ракомет

Европското првенство ќе го следат над 1.6 милјарди гледачи

Спортските настани несомнено се најгледаниот телевизиски прозивод, иако македонските медиуми многу малку или речиси ич имаат имплементирано спортска програма. Секоја чест на исклучоците кои колку-толку успеваат да создадат или да откупат права за пренос на домашни или странски натпревари.

Европското првенство во Хрватска ќе го пренесуваат 130-те носители на права, односно ЕП ќе го гледаат жителите на 175 територии низ светот.

Сигналот од Хрватска ќе стигне и до Северна, Средна и Јужна Америка, Обединетото Кралство, Грузија, Ерменија, Азербеџан, Молдавија, Казахстан…

Преку телевизиските екрани, директните преноси ќе може да ги следат над 1,6 милјарди гледачи ширум светот.

ЕХФ се пофали дека ќе има онлајн-преноси на сите натпревари од ЕП, на платформата на ЕХФ-ТВ. Единствено, забранети ќе бидат натпреварите кои во земјата каде што се наоѓате ги пренесува некоја телевизија.

Со овие мерки ЕХФ очекува да биде надминат вкупниот дигитален досег, кој во 2016. година во Полска беше 60 милиони.

СПОРТ М ИЗВЕСТУВА ДИРЕКТНО ОД ХРВАТСКА

АНКЕТА

[poll id=”2″]