Поврзи се

Фудбал

Фекална бактерија во салата е причина за труењето на фубалерите на ФК Пелистер

Салатата која ја јаделе во велешкиот хотел била причина за саботното труење на фудбалерите на Пелистер. Во неа се најдени бактерии од фекално потекло, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Со извршените лабораториски испитувања, утврдено е дека кај земените мостри храна (салати од морков, зелка и цвекло) има присуство на бактерии од фекално потекло – индикатор на фекална контаминација. Испитаните мостри согласно извршените лабораториски испитувања одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, но не и на хигиената на производствениот процес.“ – велат од АХВ.

Освен тоа, кај седум вработени во кујната и ресторанот биле пронајдени бактерии во нос и во грло. Сепак, директорот на агенцијата за храна и ветеринарство објаснува дека тоа не е причината за труењето. Тој проблемот го лоцира во бактеријата пронајдена во салатата, која најверојатно не била добро измиена во кујната.

„Во примарното производство, или производството на нива или е наводнувано, така е дојдено до фекално загадување на самата храна. Тоа значи дека во самиот хотел не се доволно измиени салатите кои ги употребувале, а не е од вработените. Заради предострожност, сите се упатени на лекување – иозјави Зоран Атанасов од АХВ.

поред лабораторискиот наод, останатата храна која ја јаделе фудбалерите, како кечапот, шпагетите, пилешкиот стек, супата и лебот, била исправна. Не била констатирана нехигиена ниту на работните површини, приборот и опремата во кујната.. Таа е затворена и извршена и е вонредна дезинфекција. Надлежните служби утре ќе извршат повторен увид, а кујната ќе биде пуштена во употреба кога ќе се добие задоволителен лабораториски наод.

Во меѓувреме, дванаесетте фудбалери се чувствуваат подобро, но сеуште не се знае дали ФК Пелистер, освен оној со Шкупи, ќе бара одложување и на други натпревари. За една година, ова е трето масовно труење од ресторанска храна. 25 работници на тетовски Леар завршија во болница, откако во фабричката менза јадеа храна подготвена од познат тетовски ретсоран. Во штипската фабрика Актива труење од фекална бактерија добија вработени, кои јаделе кетеринг од штипски ресторан.

Извор: ТВ 24

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Фудбал

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com