Connect with us

Други спортови

Ферари доби нов возач за наредната сезона

Најпопуларниот тим во Формула 1, екипата на Ферари, во новата сезона ќе има нов возач.

На местото на Кими Раиконен, кој во два наврати го возеше болидот на италијанскиот тим, доаѓа Шарл Леклер.

Досегашниот возач на Алфа Роме Заубер се договорил со Ферари и ќе биде новиот тимски колега на Себастијан Фетел.

Леклер кариерата во Ф1 ја започна како тест возач на Ферари, а оваа сезона конечно доби шанса да вози и тоа како возач на Заубер и освои 13 бодови во досегашните 14 трки.

Наредната сезона сосема сигурно ќе му донесе многу повеќе предизвици затоа што не е лесно да седнете во болидот на еден од најголемите тимови во Ф1.