Connect with us

Фудбал

Фергусон не сакаше да се пензионира. Сакаше уште двајца играчи за планот да остане уште 10 години

За многумина Сер Алекс Фергусон е најголемиот тренер во историјата на фудбалот. Шкотланѓанецот помина 27 години на „Олд Трафорд“ и освои 13 првенствени титули, две ЛШ и девет домашни купови. Сер Алекс се пензионираше во 2013 година, откако за последен пат го предводеше својот тим до славата во Премиер лигата. Оттогаш, „црвените ѓаволи“ неуспешно се мачат да го повторат неговиот успех, освојувајќи само три големи трофеи во девет сезони.

Но, според Патрис Евра, работите можеле да бидат многу поинакви. Поранешниот лев бек рече дека историјата можеше да биде многу поинаква доколку управата на Јунајтед го слушаше Шкотланѓанецот.

Зборувајќи за „Betfair“, Евра рече:

„Две недели пред крајот на првенството во 2013 година, се сеќавам дека Фергусон дојде кај мене и ми рече: „Патрис, гледам дека медиумите велат дека ќе заминам. Но верувај ми, ќе биди тука уште десет години”. „Фергусон ми рече дека мораме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите и за тоа му требаат двајца играчи: Кристијано Роналдо, кој тогаш беше во Реал и Герет Бејл. Му требаа околу 200 милиони фунти, но Бордот на Јунајтед не се согласи“, рече Французинот.