Фудбал
ФИФА ги објави кандидатите за најдобар играч на светот: Меси и понатаму меѓу елитата, дали Винисиус ќе го победи Родри?
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави кандидатите за наградата The Best што ја доделува на најдобриот играч во светот.
🚨 OFFICIAL: The Best FIFA Men's Player 2024 nominees released tonight. ✨ pic.twitter.com/fWRa8BJhgJ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 28, 2024
ФИФА воведе една голема промена кога станува збор за гласањето. Досега во изборот учествуваа капитените и селекторите на сите светски репрезентации, но и новинари, а сега навивачите ќе имаат можност да гласаат и за еден од 11-те кандидати. Интересно, повеќето од играчите на списокот се од Реал – дури шестмина од нив: Дани Карвахал, Федерико Валверде, Џуд Белингем, Тони Крос, Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор, кој заедно со Родриго (Манчестер Сити) е главен кандидат за трофејот. Во конкуренција се Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Ламине Јамал (Барселона) и Лионел Меси (Интер Мајами), кој минатата година по осми пат во кариерата ја доби оваа престижна награда.
Who’d you vote as Best Coach at The Best Awards 2024? ✨🗳️ pic.twitter.com/vkf1m9vrCS
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 29, 2024
Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).