Connect with us

Фудбал

ФИФА се огласи откако Јапонија поради жолтите картони отиде понатаму

Јапонската репрезентација се квалификуваше на осмина финалето на Светското првенство, иако на крајот имаше ист број поени и гол разлика со екипата на Сенагал.

Натпреварот на овие тима заврши нерешено, а после последното коло Јапонците и Сенегалците имаа ист број поени и гол разлика, а патникот за во осмина финален се избираше по фер-игра (Fail-Play).

Јапонците по три натпревари имaa помалку жолти картони од Сенегал и благодарение на тоа помина. Ова е прв пат такво правило да имаме на Светското првенство, Сенегалците жестоко се противат поради она по натпреварот. Сепак, од ФИФА рекоа дека е многу подобро вака, отколку да се оди на лотарија.

“Јасно и доста едноставно дека сакавме да го избегнем извлекувањето на топчиња. Ова е само еден дополнителен критериум пред лотарија. Се разбира, откако на Светското првенство ќе се направи анализа на она што се случило и ќе видиме што ќе се случи следно. Сега нема потреба овие правила да се менуваат” , велат од ФИФА.