Connect with us

Фудбал

ФОТО: Аргентинците со формација која досега не е видена на Светските првенства

Репрезентацијата на Аргентина започна со подготовките за Светското првенство, а во Русија се очекува да стигнат до самиот крај на првенството.

Хорхе Сампаоли неодамна ја објави листа на играчи кои ќе играат на Мундијалот и успеа да ја подели аргентинската јавност. Сепак, селекторот на овој тим изјави дека му верува на момците што ги одбрал и ќе дадат максимум за да му донесат на Аргентина титула на светски шампиони.

Аргентинските медиуми денес имаат доволно напишано за формацијата што Сампаоли ја подготвува за СП. Наводно, ваква напаѓачка формација се уште не е забележана на Мундијалите, и јасно е дека аргентинскиот напад ќе биде предводен од Меси.

Наводно, Самполи одлучи дека неговите главни формации ќе бидат 4-2-3-1, односно 2-3-3-2 кога ќе се бара гол повеќе. Во овој случај, одбраната ќе биде составена од стопери, додека бековите ќе има многу повеќе офанзивна улога.