Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Арсенал направи катастрофална грешка на насловната страница на новото списание

Шпанскиот тренер Унаи Емери неодамна беше избран за нов тренер на Арсенал, на таа позиција стигна наместо Арсен Венгер кој по 22 години го напушти Арсенал.

Англискиот клуб одлучи дека Емери е најдобриот избор за нов тренер, а поранешниот тренер на ПСЖ веднаш “се фрли” на работа. Топџиите во нивното ново издание на списанието за обожаватели одлучија официјално да го претстават Унаи Емери.

Сепак, кога ова списание излезе во јавноста, сфатија дека направија неверојатна грешка на насловната страница. Имено, сликата на Емери е “монтирана” веднаш над натписот на Арсенал, а поради оваа грешка може да се види само “анал”.

Се разбира, оваа грешка стана хит на социјалните мрежи, а навивачите на ривалските клубови ги исмејуваат Топџиите. Арсенал сега сигурно повеќе ќе внимава на насловната страница на нивното списание.