Connect with us

Фудбал

ФОТО: Хрвоје ова е за тебе – Даниел Субасиќ славеше со поглед кон небото

Ги спои дланките и погледна кон небото. Ова беше победа за Хрватска, но и за него, Хрвоје Чустиќ, рече Даниел Субасиќ по вечерашната тешка, но голема победа на Хравтска. 

„Тој секогаш ќе биде со мене, не само на маиците туку и во моето срце“, изјави Даниел Субасиќ.

Во април 2008 година, на фудбалскиот меч од хрватското првенство, меѓу Задар и Цибалија, трагично згасна животот на фудбалерот Хрвоје Чустиќ. Несреќата се случи, откако по еден дуел, Чустиќ падна и со главата удри во ѕидот кој беше на помалку од два метри од аут линијата. Лекарите веднаш реагираа, играчот беше пренесен во болница, но за жал не можеа да го спасат. Хрвоје имаше само 24 години.

Чустиќ кој беше младински репрезентативец и имаше 10 настапи за Хрватска, во дресот на Задар одигра 84 натпревари. Неговото име вечно ќе остане запамтено.