Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Меси“ и „Роналдо“ на трибините во Сочи

Трибините на стадионот во Сочи каде што Русија и Хрватска го играа натпреварот од четврт финалето, беа исполнети до последно место.

Речиси никој не се надевал дека Русите ќе стигнат до оваа фаза од натпреварувањето. Многумина мислеа дека за трофејот ќе се борат Кристијано Роналдо и Лионел Меси со своите селекции, но најдобрите фудбалери на светот не ги гледаме во завршницата бидејќи беа елиминирани уште во полуфиналето.

Руските навивачи одлучиа малку да го испровоцираат ова дуо. Двајца навивачи на трибините се појавија со маски на кои беа ликовите на Роналдо и Меси и привлекоа големо внимание.

Еве како изгледаше сето тоа.