Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Сите се луди по Салах – погледнете го графитот со неговиот лик во Њујорк

Египќанецот Мохамед Салах оваа сезона одигра навистина фантастично. Напаѓачот на Ливерпул постигна 44 голови на 52 настап.

Во финалето на Лигата на Шампионите, Салах мораше да ја напушти играта поради повреда на рамото, и веднаш се појавија вести дека можно е да го пропушти Светското првенство во Русија, но денес, египетската фудбалска федерација тоа го демантираше.

„Ја уверуваме јавноста дека Салах ќе игра на Светското првенство и се надеваме дека неговото закрепнување нема да трае подолго од три недели“, објавија Египќаните на нивниот официјален веб – сајт.

Салах е најголемата ѕвезда во Египет, на улиците во градовите се продадат разни предмети со ликот на напаѓачот на Ливерпул, може да се види и одлични графити во негова чест, а еден таков се појави дури и во Њујорк.

На зградата на Тајмс Сквер се појави на огромен графит со неговиот лик во боите на египетската знаме, а  Салах фотографија ја објавена на Твитер.

На некои навивачи им засметало тоа што Салах не е прикажан во дресот на Ливерпул.

Салах после повредата се обрати кон своите фанови кои исклучително го ценат и почитуваат.

„Јас сум борец, и се надевам дека ќе закрепнам, сакам да одам во Русија, а вашата поддршка ми дава огромна снага“, напиша Салах.