Connect with us

Фудбал

ФОТО: Вардарци го одработија последниот тренинг на подготовките во Словенија

Последен ден на Вардар во Словенија. Утринава завршија со тренинзи и играчите имаа подготовка пред денешниот последен пријателски натпревар. Вардарци финишираат со контролата попладнево против словенечкиот прволигаш Цеље која ќе се игра на стадионот „З’Дежеле“ во Цеље со почеток во 18 часот.

На денешниот тренинг отсуствуваа Виктор Јуфо и Бесар Исени кои на вчерашниот дуел со Херманштад добија повреди, па ја пропуштија последната подготовка. Другите играчи беа на располагање на стручниот штаб за претпладневниот тренинг.

Екипата утре околу пладне од Љубљана се враќа во Скопје.

Непосредно пред денешниот натпревар информирајте се за составот на „црвено-црните“. Исто така и овој натпревар, како и минатите, ќе можете да го следите во живо низ видео пренос. Тоа ќе биде седмиот контролен натпревар на Вардарци на овие подготовки. До сега „црвено-црните“ ги одмерија силите со три тима од Словенија, и на ниту една контрола не беа поразени, односно остварија триумфи над Шампион Цеље и над Домжале, и одиграа нерешено со Марибор.