Connect with us

Фудбал

Французите пишуваат дека Енрике направил фијаско, тој се брани: Не го заслуживме ова

ПСЖ е поразен со 4:1 на гостувањето кај Њукасл во второто коло од Лигата на шампионите. Многумина го обвинуваат тренерот на ПСЖ, Луис Енрике и неговата одлука да стартува со дури четворица напаѓачи во првиот тим – Килијан Мбапе, Усман Дембеле, Гонкало Рамос и Рандал Коло Муани.

Затоа „L’Equipe“ му даде на Енрике оценка три од можни десет. „Дрскоста да дојде на Сент Џејмс Парк со четворица напаѓачи и двајца играчи од средниот ред во тимот не вроди со плод. Најизненадувачки е што тој не промени ништо во првичните планови и покрај огромните тешкотии на тимот на средината на теренот“, пишува овој француски медиум.

На критиките на Енрике им се придружи и „Le Parisien“, кој го нарече Шпанецот „главен виновник за фијаското“. „ПСЖ не направи ништо, не постигна ништо и страдаше во текот на целиот натпревар“, објасни Французинот.

„Јас сум тренер, јас одлучувам и на крајот јас сум одговорен за резултатот. Не заслуживме толку да загубиме. Целта ни е да се пласираме во осминафиналето, групата е тешка, свесни сме за тоа, но ние сме втори“, изјави Енрике по натпреварот и додаде:

“Последните натпревари ќе бидат забавни. Системот? Мислев дека е најдобро за овој тим и сè уште мислам така. Резултатот е неправеден, но таков е фудбалот. Честитки за Њукасл, но резултатот е сè уште нереално висок”.