Connect with us

Фудбал

Фудбал У-16: Македонија ја победи Словенија

 Македонската фудбалска репрезентација до 16 години ја совлада соодветната селекција на Словенија со 1:0 на контролниот натпревар одигран вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Стрелец на победничкиот гол беше Сава Аврамовски во 69. минута.

Голема заслуга за победата на „црвено-жолтите“ има и голманот Алекса Јорданов кој одлично го чуваше голот, а по еден час игра не му дозволи на противникот да реализира сто отстотна шанса.