Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Партизан ја одбранија титулата во Купот на Србија

Во пресрет на вчерашното финале од Купот на Србија, силите ги измерија Партизан и Младост, а „црно – белите“ беа поуспешни, па славеа со резултатот 2:1. Партизан дојде до третата титула од Купот на Србија во низа.

Уште на самиот почеток на натпреварот, Партизан постави иницијатива на терен, но Младост успеа да стигне до водството.

Се играше 21. минута кога Јанко Тумбасовиќ имаше добра шанса пред голот на Партизан и постигна погодок за 1:0 за младост.

Партизан по примениот гол тргна кон „изненадување“, а иницијативата му се исплати во 31. минута кога Марко Јанковиќ постигна гол со одличен шут од 25 метри за 1:1.

Партизан продолжи да напаѓа, но немаше промена во резултатот до полувремето

„Црно-белите“ веднаш откако излегоа на теренот ја воспоставија нивната игра, а до гол и пресврт на натпреварот стигнаа во 62. минути, кога Здјелар беше прецизен и постигна гол за 2:1.

Младост преку Милошевиќ се обидуваше да стигне до погодок, но и Партизан ќе има уште неколку опасни напади, но до крајот остана 2:1, па „црно-белите“ вторпат го одбранија трофејот во куп на Србија, и стигнаа до третата титула во низа.