Connect with us

Ракомет

Галевски правеше чуда на голот, штета, Македонија одигра нерешено со Австрија и остана без четвртфинале на ЕП (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години одигра реми 20:20 против фаворитот Австрија на ЕП кое се одржува во Словенија и не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето иако нема пораз. Претходно ја победи Црна Гора и ремизираше со Хрватска, но во четвртфиналето ќе игра Австрија, бидејќи има две победи.

Младиот голман член на Алкалоид Иван Галевски имаше фантастичен меч, забележа 15 одбрани, а дел од нив беа издвоени и од ЕХФ. Тој воедно беше прогласен за играч на натпреварот. Македонија по ова реми ќе разигрува за пласман од 9-то до 16то место на ЕП.

Advertisement