Connect with us

Ракомет

Гедбан го продолжи договорот со Вардар

Голманот Калифа Гедбан ќе остане уште една сезона во дресот на Вардар. Алжирскиот интернационалец и клубот ја активираа клаузулата според која доколку и двете страни се задоволни тој ќе остане уште најмалку една сезона во Скопје.

Тој е првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар. Дојде како млад и перспективен ракометар кој на повеќе натпревари го покажа квалитеот што го поседува.

Калифа во Вардар сезонава со своите настапи покажа многупати дека е квалитетен голман. Ние одамна го препознавме тој квалитет и веруваме дека неговите игри ќе бидат уште подобри. Со младоста, квалитетот и посветеноста ветува дека ќе израсне во врвен играч. Задоволни сме што и тој останува во Скопја и што заедно ќе одиме во уште една сезона и ќе го напаѓаме европскиот врв, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Гедбан со Вардар стигна до четири трофеи во сезоната што завшри: Лигата на шампионите, СЕХА лигата, домашното првенство и домашниот Супер куп.