Connect with us

Фудбал

Германците тврдат: Левандовски има три опции на маса

Најдобриот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, во текот на летото ќе има тешка задача да донесе одлука за својата иднина.

На маса ќе има три понуди кои ќе треба детално да ги разгледа и на крај да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Прва опција секако му е продолжување на престојот во баварскиот тим кој ќе му понуди продолжение на договорот. Истиот му истекува во 2021 година.

Следува варијантата да замине во ПСЖ како замена за Единсон Кавани, кој најверојатно ќе си замине во текот на летото. Со оглед на неговото искуство и амбициите на клубот, соработката не би била тешко остварлива.

Трет и последен тим кој има интерес да го ангажира е Манчестер Јунајтед. Неколку напаѓачки имиња од редовите на „црвените ѓаволи“ најавија заминување, па останува да се пополни местото покрај сигурниот Маркус Рашфорд.

По скоро десет години во Германија, останува да се види дали Полјакот ќе се одлучи за нов предизвик надвор од Бундеслигата.

Извор: gol.mk

 

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com