Connect with us

Фудбал

Годин и Атлетико повторно заедно?

Искусниот уругвајски фудбалер Диего Годин последнава година игра во Серија А, но има голема желба да се врати во Шпанија, а како што стојат работите тоа би можел да биде неговиот поранешен клуб.

Уругвајскиот стопер најдобрите години во кариерата ги помина во Атлетик со Диего Симеоне. Практично беше дел од најзначајните успеси и дефинитивно би сакал да се врати.

Дека ова не е обична шпекулација покажува и фактот што Годин побарал раскин на договорот со Каљари за да се врати во Шпанија. „Ел Мундо Депортиво“ пренесува дека станува збор за покана од Атлетико, која Годин тешко може да ја одбие.

Уругваецот освои една титула со Атлетико, Купот на кралот, две Лига Европа и два пати беше финалист во Лигата на шампионите. Тој како слободен играч се пресели во Интер во 2019 година, но по само една година замина во Каљари.