Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ доби забрана за влез во Австралија

Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија, а три години му е забранет влез во земјата.

Најдобриот светски тенисер остана без виза. Судот одлучи да го депортира од земјава, а сега пристигна нов проблем.

Ѓоковиќ нема да може да влезе во Австралија во следните три години, доколку австралиските власти не ја повлечат одлуката и не го изземат од забраната за настап на турнирот.

Исто така, Новак ќе треба да ги плати сите трошоци за судењето што се одржа во претходниот период.

Ова дефинитивно е голем удар за најдобриот тенисер во светот.