Connect with us

Фудбал

Гол на Стојанов ала Меси, Тиквеш од 2:0 за неполни десет минути со пресврт до победа од 3:2 против Бреидаблик (ВИДЕО)

Каков меч на Тиквеш, освојувачот на Купот на Македонија, во Конференциската лига на Европа. Славеа преку пресврт со 3:2 против Бреидаблик од Исланд. Иако кавадарчани губеа по половина час игра со 2:0 со головите на Кристинсон и Еинарсон, сепак во последните дваесетина минути од мечот стигнаа до победа. Најнапред Стојковски во 74-та погоди за 2:1, а потоа Стојанов со гол од слободен удар ала Меси израмни на 2:2. Прекрасен го постигна и Лео Гуера во 83-та минута за целосен пресврт и триумф од 3:2.

Вториот наш претставник во ова натпреварување тимот на Шкендија загуби на гостувањето кај Ноа од Ерменија со 2:0.