Connect with us

Кошарка

Голден Стејт ќе го брани шампионскиот трофеј

Кошаркарите на Голден Стејт ја добија мајсторката против Хјустон во финалето на Западната конференција и се пласираа во завршницата на плејофот од НБА лигата.

Последна пречка кон одбрана на титулата ќе им биде Кливленд Кавалирс, исто како и претходните четири години.

Во седмиот дуел од финалето на Западот, Голден Стејт ноќеска на гости го победи Хјустон со 101:92. Клучната предност „воините“ ја стекнаа во третата четвртина кој ја добија со 33:15.

Уште една одлична партија пружија тандемот Кевин Дурант – Стеф Кари кој реализира повеќе од половина од поените на тимот од Оукленд. Дурант средната ја заврши со 34 поени, и по пет асистенции и скокови, додека Кари имаше 27 поени, 10 асистенции и девет скока.

Во домашната екипа се истакна Џејмс Харден со 32 поени, шест скока и исто толку асистенции.

Финалната серија почнува ноќта меѓу четврток и петок по средноевропско време и се игра до четири победи.