Connect with us

Тајмаут

„Голем“ проблем за Реал Мадрид по освојувањето на 13. титула во ЛШ

Реал Мадрид се најде во многу „голем“ проблем по освојувањето на 13. трофеј во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ го победија Ливерпул со 3:1 и на овој начин стана трета по ред европски шампиони.

Сепак, ова не се добри вест за луѓето кои го одржуваат клупскиот музеј на Реал, затоа што во наредните денови ќе имаат полни раце работа. Имено, последниот трофеј од Лигата на Шампионите, Реал нема каде да го смести, бидејќи нема повеќе места во витрините за европските трофеи.

Затоа последната трофеј не си го најде своето место со останатите дванаесет, а тоа ќе се случи за неколку дена откако работниците задолжени за трофејот ќе го реорганизираат просторот каде што се наоѓаат.

Ако Мадрид продолжи да игра во Лигата на шампионите на овој начин, тие може да имаат слични проблеми и во следните години.