Connect with us

Тајмаут

Голем собир на Македонските фанови на Ливерпул

Македонските фанови на Ливерпул на 26. мај во сабота, по повод финалето од Лигата на шампионите во кое ќе играат Ливерпул – Реал Мадрид, организираат голем собир во Младински Парк – Веле, исто така ќе можат да го проследат и натпреварот во ракомет во Ф4 ЛШ, каде нашиот и Европси шампион, Вардар ќе игра против Монпеље.

Да напоменеме дека овој собир ќе биде со хуман карактер.

„BOOOM !!!
Дами и Господа,фанови на Ливерпул од цела Македонија ! RedScouser со поддршка на LycaMobile ви најавува незаборавен ЦЕЛОДНЕВЕН ФУДБАЛСКИ ХЕПЕНИНГ за финалето на Лига Шампиони во Велес – Младински парк (двор на театарот ЈКЏ) .Во согласност со театарот ќе се монтира голема ФАН ЗОНА каде што за услугата со пијалоци ќе биде ангажирана кетеринг служба која што истовремено ќе прави BBQ во текот на целиот ден.Музички бендови и ДиЏеј ќе бидат задолжени за забавниот дел. Да нагласиме дека фановите ќе имаат можност заедно да го проследат и натпреварот во ракомет во Ф4 ЛШ помеѓу актуелниот Европскиот шампион Вардар и Францускиот Монпеље кој што почнува во 18:00ч.
Ве повикуваме масовно да го поддржите овој посебен ден за нас фановите на Ливерпул со верување дека ќе има Happy Ending ? 
И овој како и претходните собири ќе биде со ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР
YNWA“ стои во описот на настанот на Фејзбук.

https://www.facebook.com/events/166259457378604/