Connect with us

Други спортови

Ѓорческа елиминирана во осминафиналето на турнирот во Бостад

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши настапот на турнирот во шведскиот град Бостад.

Ѓорческа во осминафиналето претрпе пораз од американската тенисерка Ели Кик со 0:2 во сетови.

Македонската тенисерка на овој турнир се пријави само во поединечна конкуренција.

Турнирот во Бостад се одржува на земјена подлога и има вкупен награден фонд од 25.000 американски долари.