Фудбал
Гризман го критикуваше изборот на ФИФА: Што уште треба да направам?
Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, кој со Франција го освои Светското првенство, не се согласува со номинациите за најдобриот играч на годината.
Одличната сезона Гризман неодамна ја круниса со златен медал од Светското првенство, меѓутоа на крајот ни тоа не му било да се најде на изборот на ФИФА за најдобар играч на светот.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) дека пред Гризман во моментов се Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах, а во изборот после десет години го нема ни Лионел Меси.
„Ова е најдобрата година во мојата кариера, мораше да се најдам помеѓу трите најдобри играчи. Ова година победивме и на три финалиња“ кажа Гризман мислејќи на Мундијалот, Лига Европа и Суперкупот, па додаде:
„Чудно е. Трофејот се доделува во изборот на ФИФА, а на листата го нема најдобриот фудбалер на Франција, иако го освоивме и Светското првенство. Разбирам дека тоа е избор, но за мене е изненадувачки“.
Наградата за најдобар играч на светот ќе биде доделена на 24. септември.