Connect with us

Фудбал

Гризман не го прослави голот против Уругвај, објасни зошто

Првите полуфиналисти на Светското првенство беа Французите.

Французите во Нижни Новгород ја надиграа селекцијата на Уругвај и славеа со 2:0, а еден од стрелците беше Антоан Гризман кој не сакаше да го прослави голот.

По натпреварот Гризман на новинарите им откри зошто …

“На почетокот на професионалната кариера сум имал голема поддршка од еден уругваец. Тој ме научи на се добро и лошо во фудбалот, поради тоа ја почитувам таа земја. Исто така, за Уругвај играат моите соиграчи од Атлетико -… Годин и Хименез. Мислам дека е нормално тоа што не го прославив голот”рече Гризман.