Connect with us

Фудбал

Ѓукиќ бара огромни пари за да ја прекине соработката

Мирослав Ѓукиќ повеќе не е тренер на Партизан.

По лошите игри на почетокот на сезоната, лидерите на белградскиот тим одлучија да ја прекинат соработката со овој тренер, а тие веќе го најавија Зоран Мирковиќ како негова замена.

Сепак, Ѓукиќ не само што ќе го напушти клубот. Од раководството на црно-белите бара оштета од 400.000 евра, колку што му следува според договорот за предвремено раскинување.

Честопати беше загозена столицата на Ѓукиќ во Партизан. Фановите веќе долго време бараа промена, но раководството постојано тврдеше дека овој тренер го води клубот.

Наводно, ретко кој сака да ја прифати работата, но и на барањата на Ѓукиќ за големата сума при раскинување на договорот, не одговорија од белградскиот тим.

Сепак се чини дека Ѓукиќ нема повеќе да го води Партизан.