Connect with us

Фудбал

Гундоган: Сега со насмевка можам да се вратам дома

Репрезентацијата на Германија во четвртокот во Минхен ремзираше против Франција (0:0) во првиот натпревар од Лигата на нациите.

Германија за првпат играше пред своите навивачи по катастрофалната игра на Мундијалот, но избраниците на Јоаким Лев имаа голема поддршка. Во центарот на вниманието повторно беше Илкај Гундоган, во средината на втората половина, кој повторно доби свирки од трибините, но овојпат аплаузот го надмина.

Гундоган и Озил се најдоа на мета на навивачите поради сликата со Ердоган, а по свирењето и навредувањето од трибината, Озил се откажа од националниот дрес. Од друга страна, Гундоган продолжи да игра, а по натпреварот изјави дека е среќен да ги чуе аплаузите од стадионот во Минхен.

“Бев нервозен кога се загревав. Не се плашев, но имав малку нервоза, бидејќи не знаев што да очекувам. Бев многу среќен кога ги слушнав аплауз а свирежите ги игнорирав. Им вратив со аплауз и бев среќен. Сега Можам да се вратам дома со насмевка “, рече Гундоган.