Фудбал
Гвардиола продолжува да троши, дефанзивецот резервиран за јануари
Како што пренесуваат шпанските медиуми, на „Етихад“ веќе во јануари би можело да пристигне дефанзивецот Жуниор Фирпо.
Овој 22-годишен фудбалер бележи одлични настапи во тимот од Севиља откако шанса за игра доби во минатата сезона. Примарна позиција му е лев бек, но може да игра и како крило и како стопер.
Можноста да игра на повеќе позиции го привлече вниманието на многу клубови, а засега „Граѓаните“ покажуваа најголем интерес.
Жуниор би можел да има доста висока цена. Бетис за неговите услуги бара 60милиони евра и сопствениците на Сити ќе мораат „дебело“ да платат доколку сакаат да ја исполнат и оваа желба на Гвардиола.
Фирпо е роден во Диминиканската Република, но го носи дресот на Шпанија. Член е на Бетис од 2014. година.