Connect with us

Фудбал

Халанд поради повреда нема да игра за норвешката репрезентација

Ерлинг Холанд го напушти таборот на норвешката репрезентација и се врати во својот клуб Манчестер Сити.

Младиот напаѓач со нетрпение го очекуваше почетокот на квалификациите за ЕП 2024, во кои неговата земја ги игра првите два натпревари против Шпанија и Грузија, но лекарскиот тим оцени дека не треба да ризикува да игра.

Се испостави дека повредата на препоните е посериозна отколку што првично изгледаше, па во договор со клубот реши да го напушти тренинг кампот на норвешката репрезентација и да се врати во Манчестер, каде ќе ја искористи паузата во лигата за опоравување.

Халанд е во неверојатна форма, оваа сезона за „граѓаните“ постигна дури 42 гола во сите натпреварувања. Се надеваше дека ќе ја продолжи добрата форма во репрезентацијата, но овојпат беше спречен.

„На Ерлинг му беше тешко да не биде во тимот. За среќа, во овој тим има уште многу самодоверба, талент и сплотеност, што ќе ни помогне да освоиме бодови“, изјави тренерот на Норвешка Столе Солбакен.