Connect with us

Тајмаут

Хаос на автопатот во близина на Ниш – фановите на Партизан меѓусебно се пресметаа

Фудбалерите на Партизан и Младост вечерва го играат финалето од купот на Србија, а ни овој натпревар не можеше да помине без инциденти.

Имено, на автопатот во близина на Ниш, се водеше жестока борба меѓу навивачите на Партизан кои се судрија меѓусебно на патарината. Локалните медиуми објавија дека имало жестока борба во која учествувале стотина фанови.

Полицијата реагираше брзо за и се обиде да ја прекине пресметката, но тие не успеаја. Фановите на Партизан потоа се судрија со полициски службеници, а сообраќајот мораше да се прекине.

Пресметката на навивачите на Партизан и полицијата траеше околу 20 минути, а страстите се смирија со доаѓањето на новите полициски сили. Се уште нема информации за повредени.