Connect with us

Фудбал

Хаос во тимот, Гатузо го исфрлил Иван Перишиќ!

Денеска од 18:30 часот Хајдук и гостува на Локомотива во второто коло во хрватскиот шампионат, а сплитскиот клуб ќе ја нема најголемата ѕвезда Иван Перишиќ, кој беше исфрлен од тимот од тренерот Џенаро Гатузо. Имено, синоќа беше објавена веста која го потресе Сплит, а беше наведено дека Гатузо го исфрлил Перишиќ од тимот поради недисциплина. Веста за исфрлувањето од тимот на Инстаграм ја потврди и самиот фудбалер по полноќ.

„Денеска е важен натпревар и не ми паѓа на памет да го нарушам мирот на момците и клубот, и да го свртувам вниманието кон себе. Нека му е со среќа на целиот тим, а потоа можеме да разговараме за тоа што се случи “. изјави Перишиќ.