Connect with us

Фудбал

Хрватска на пенали против Русија стигна до полуфинале

Хрватска е последниот патник во полуфиналето на Светското првенство.

Во последниот четврт финален натпревар 120. мимути игра не беа доволни за да се одлучи последниот патник во полуфиналето.

Русите го отвориа резултатот со голот на Черишев во 31. минута, а во 39. минута Крамариќ успеа да изедначи на 1:1.

Со овој резултат заврпија регуларните минути од натпреварот. Во продолжението, Вида во 101. минута ја носи Хрватска во водство од 2:1, а во 115. минута Фернандес успеа да постигне гол за изедначување на 2:2 и да ги одведе Русите до пенал рулет.

Во изведувањето на пеналите Хрватска беше поуспешна и успеа да се пласира во полуфинале, каде на 11. Јули ќе игра против Англија.