Connect with us

Фудбал

И Мертенс се огласи во врска со „случајот Наинголан“

И Дрис Мертенс им припаѓа на оние кои јавно го поддржаа Раџа Наинголан, за кого Роберто Мартинез „забрани“ да оди во СП во Русија.

Наинголан по сите параметри требаше да се најде во авион за Русија, но Мартинез рече дека не смета на него и тој не се најде на листата на играчи кои ќе ги води на Светското првенство.

Почнаа и осудувањата од страна на белгиската јавност, а и на самите фудбалери не му се допаднала идеата на селекторот Мартинез.

И Мертенс застана во одбрана на својот пријател со кого тој настапува во Серија А, со оглед дека овој е играч на Наполи, а Раџа игра за Рома.

„Ќе ни недостигаш, но се надевам дека ќе те направиме горд“, напиша Мертенс.