Connect with us

Фудбал

Инсајдер: Иниеста договорил се со Интер Мајами

По доведувањето на Лионел Меси, Интер Мајами се обидува да го опкружи со познати поранешни соиграчи, а откако во тој МЛС клуб веќе пристигнаа Серхио Бускетс и Жорди Алба, работат на уште два можни трансфери. Веќе е познато дека Луис Суарез е желба на клубот, а се чини дека е и Андрес Иниеста.

Легендата на Барселона, сега има 39 години, играше за јапонскиот Висел Кобе од 2018 до 2023 година и покрај доцните играчки години, би можел да ја продолжи кариерата. Околината во која би можел да пристигне е нова, но многу лица во соблекувалната би можеле да му бидат познати.

Иниеста со години играл со споменатите играчи, а доколку се остварат предвидувањата на медиумите и упатените како стручњакот за трансфери Арон Домингез, тој би можел повторно да заигра. Тој наводно ги договорил личните услови за неговиот трансфер во Интер Мајами и неговиот потпис за новиот тим е прашање на време.

Иниеста играше за Барселона од 2002 до 2018 година и со неа освои 35 титули. Тој беше деветкратен шампион на Шпанија и четирикратен освојувач на Лигата на шампионите. Светскиот и двократниот европски шампион со Шпанија освои два трофеи во Јапонија.