Connect with us

Фудбал

Инзаги: Разговарав со Де Врај и не се сомневам во него

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги потврди дека Чиро Имобиле и Стефан де Врај ќе започнат утре од првата минута.

Лацио и Интер го играат дербито на колото во Серија А, а и двете екипи се борат за влез во Лигата на шампионите. Добрата вест за навивачите на Римскиот клубот е тоа дека Имобиле ќе биде во стартниот состав, иско како и Де Врај.

Холанѓанецот договори трансфер со Интер, затоа во Олимпико беа загрижени и не се сосема сигурни на овој дефанзивец, но Инзаги ќе му даде шанса во натпреварот против новиот клуб.

“Сакав да избегнам ваков расплет, и да се решава во последното коло, но не постои начин. Мора да дадеме се од себе и да играме со најсилниот тим за да го задржиме четвртото место. Момците знаат колку е важен овој натпревар”, рече Инзаги, додавајќи:

“Да не беше последниот натпревар од сезоната, не би сметал на Имобиле, но едноставно и тој сака да игра и мислам дека неговата подготвеност ќе биде од голема помош. Луис Алберто и Пароло не може да играат, но ќе бидат на клупата.”

“За Де Врај многу се зборуваше, но јас не се сомневам во тоа. Сигурен сум дека тој сака да остави белег во овој клуб. Ќе сака да се покаже и на Интер колку голем професионалец е тој”, изјави Инзаги.