Connect with us

SPORTM.mk

Избор за Олимпијадата: Британки суспендирани зашто целта на трка ја минале држејќи се за раце

Две британски спортистки се исфрлени од изборот за Олимпијадата затоа што во финишот на триатлонот во Токио влегоа држејќи се за раце.

Станува збор за Џес Лирмонт и Џорџија Тејлор Браун кои беа дисквалификувани за време на квалификациите за триатлон за Олимпијадата 2020 година, пренесува BBC.

Фото-финиш и ја донесе победата на Леармон, но нивниот резултат беше избришан затоа што ги прекршија регулативите за триатлон.

Во правилото 2.11 Ф на Меѓународниот триатлон сојуз стои:

-Спортистите кои завршуваат истовремено во вештачки создадена ситуација без да се обидат да се разделат за време на финишот, мора да бидат дисквалификувани.