Connect with us

Други спортови

Изнервиран тенисер ја скрши камерата за време на преносот! (ВИДЕО)

Шведскиот тенисер Елиас Имер скрши телевизиска камера за време на преносот на натпреварот од првото коло на АТП Челинџер во Салцбург.

 

Во првиот сет од средбата со Корентин Муте, при резултат 5:4 (30:15) за Французинот, откако Имер направи уште една грешка во низа на негов сервис, исфрустриран, ја удри топката право во камерата, што заштитното стакло се искрши на мали парчиња.

Судијата, секако, го предупреди Швеѓанецот и тука беше крајот.

 

Имер го загуби мечот со 6:4, 6:3 за час и 28 минути и покрај тоа што двапати му го одзеде сервисот на ривалот.