Фудбал
Израелскиот играч ги збесна Турците со прославата на голот, ја повикуваат УЕФА да му изрече голема казна на играчот на Макаби
Израелскиот фудбалер Габриел Каничовски прославувајќи гол на натпреварот помеѓу Бешикташ и Макаби од Тел Авив ги разбесни Турците кои сега ја повикуваат УЕФА да му изрече голема казна на играчот на израелскиот тим.
Каничовски погоди за водство на гостите во 23. минута од натпреварот против Бешикташ и покажувајќи кон израелското знаме го прослави голот со воен поздрав. За истото беше казнета и турската репрезентација откако постигна гол на натпреварот против француската репрезентација, што тогаш беше оценето како „политички недолично однесување“, а фудбалерите кои салутираа со воениот поздрав беа казнети. Дополнително, беше објавено дека Турската федерација е казнета со 50.000 евра, а интересно ќе биде да се види дали истата одлука ќе важи и за Израелците, бидејќи турските медиуми бараат казнување на израелскиот фудбалер. Инаку, Бешикташ го одигра натпреварот против израелскиот тим како домаќин во Унгарија и беше поразен со резултат 3:1, а голот за „домашните“ го постигна Рафа Силва, додека погодија Дор Перец и Весли Патати за гостите покрај Каничовски.