Тајмаут
Ја препознавате ли убавицата од фотографијата? Да, тоа е Имане Келиф, боксерката која е обвинета дека е маж (ФОТО)
Една од главните приказни на неодамна завршените Олимписки игри во Париз беше боксерската шампионка Имане Келиф. 25-годишната Алжирка беше обвинета дека е маж затоа што Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ја исфрли од Светското првенство во 2023 година и и забрани учество на Олимпијадата. Сепак, таа се појави во Париз бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја прекина соработката со ИБА и и дозволи да настапи на најголемиот спортски собир во светот. По секоја борба добиваше многу навреди на социјалните мрежи, а сега по враќањето во татковината реши да ги замолчи сите критичари.