Connect with us

Фудбал

Јанузај: Големо задоволство е што постигнав гол против Англија

Белгискиот играч од средниот ред, Аднан Јанузај, беше избран за играч на синоќешниот натпревар при победата над Англија со 1-0. Тој го постигна единствениот гол во дуелот на стадионот во Калининград.

Тој изрази задоволство од играта и дека конечно им покажал на неговите критичари што знае.

– Ова е мој прв гол за Белгија и преполн сум со емоции. Се надевам дека во следните дуели ќе играме уште подобро. Англија е многу силен тим и беше големо задоволство да постигнам гол против нив. Важно е за мене да им покажам на сите навивачи кои ме критикуваа што можам да направам, изјави Јанузај по натпреварот со „трите лава“.