Connect with us

Кошарка

Јокиќ го прекина познатиот ритуал поради сопругата, повеќе нема да го гледаме пред натпреварите (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се подготвува за стартот на новата сезона во НБА, а како дел од предсезонските  откри дека поради сопругата Наталија ќе мора да го прекине ритуалот кој го правел досега.


Јокиќ пред мечевите имаше еден потег кој привлече големо внимание, но во иднина нема да го практикува. Имено, Јокиќ ја вадел бурмата од раката и ја ставал на врвките од патиките и така играл. 

-Веќе нема да го правам тоа, го загубив првиот, а потоа и вториот прстен што ми го подари сопругата, па тоа веќе нема да биде традиција“, низ насмевка изјави кошаркарот на Денвер Нагетс.

Новата сезона започнува на 25 октомври со дуелот против Оклахома Сити Тандер.