Connect with us

Тајмаут

Јокиќ го зема микрофонот и среде Париз ја запеа „Проклета Америка“ (ВИДЕО)

Српските кошаркари на интересен начин среде Париз го прославија освојувањето на бронзениот медал на Олимписките игри. Бидејќи мечот за третото место против Германија се играше рано наутро од 11 часот, српските кошаркари среде бел ден организираа прослава во кафеана во центарот на Париз. Донесоа и српска пејачка која им ги испеа најголемите хитови на народната музика, а кога беше хитот на Шабан Бајрамовиќ „Проклета Америка“, микрофонот го презеде Никола Јокиќ.


Јокиќ го прегрна пејачот и пееше заедно со него, а сите со ентузијазам го следеа.
Секако, Јокиќ алудираше на полуфиналниот натпревар против Соединетите Американски Држави, во кој Србите сметаат дека биле тешко ограбени, а судиите им ја ускратиле борбата за златото.