Кошарка
Јокиќ во просек има трипл дабл учинок!
По уште една спектакуларна партија во победата над Њу Орлеанс во која забележа 26 поени, 18 скока и 15 асистенции, Никола Јокиќ моментално првпат во кариерата бележи трипл дабл во просек!
Србинот моментално има просек од 25,1 поен (16-ти во лигата), 11,1 скока (5-ти во лигата) и 10 асистенции (втор во лигата). Ако до крајот на сезоната успее да постигне двоцифрен просек во три статистички категории, Никола ќе стане само третиот играч во историјата на Лигата што го постигнал овој подвиг. Она што е уште повпечатливо е што Јокиќ шутира од поле за неверојатни 63,1 отсто.
Оскар Робертсон во сезоната 1961/62 имаше просек од 30,8 поени, 12,5 скока и 11,4 асистенции. Потребни беа повеќе од 50 години некој да му се придружи, а Расел Вестбрук тоа го направи во сезоната (2016/17), кога сезоната ја заврши со 31,6 поени, 10,7 скока и 10,4 асистенции.
Популарниот Рас го повтори истиот подвиг и во следната сезона со 25,4 поени, 10,1 скока и 10,3 асистенции.
Со оглед на формата во која игра и фактот дека на последните девет меча оствари седум трипл-дабл (вкупно 16 сезонава, 92 во кариерата), јасно е дека момчето од Сомбор, двократниот најдобар играч во НБА, има одлична можност да се запише со златни букви во историјата на најсилната кошаркарска лига на планетата.
Nikola Jokic is averaging a triple double on 70% TS 😭😭😭 pic.twitter.com/VSxC4RSFFI
— Jack 🏹📋 (@murray_center27) February 1, 2023