Connect with us

Ракомет

Јовиќ: Го плативме данокот на неискуството

Тренерот на Металург Александар Јовиќ причината за поразот од Монпеље ја гледа во „куста“ клупа и неискуството на неговите избраници.

– Победата на Монпеље е заслужена. Тоа е тим кој со својот квалитет не заслужува да биде во оваа група, туку треба да биде дел од посилните “А“ или “Б“ групи. Ние одигравме добар натпревар, но за победа над Монпеље ни требаа уште еден до двајца ракометари во ротација или, пак, да не ги направевме тие грешки кога успевавме да фатиме приклучок за нерешен резултат. На овој меч го плативме данокот на неискуството, рече Јовиќ на прес-конференцијата по дуелот со францускиот претставник во Лигата на шампионите.

Металург му пружи силен отпор на фаворитот но не успеа да го изненади и на крај загуби со 27:21.