Connect with us

Фудбал

Јунајтед против Њукасл во Карабао купот за прв трофеј од 2017 година

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед очекувано се пласираа во финалето на Карабао Лига купот на Англија по нова победа против Нотингем Форест.

Реваншот од полуфиналето на Олд Трафорд заврши со резултат 2:0.

„Црвените ѓаволи“ практично ја завршија целата работа веќе на првиот натпревар во Нотингем кога на Сити Граунд славеа со убедливи 3:0 .

Поради ова, Ерик тен Хаг одмараше некои клучни играчи како голманот Давид Де Хеа (бранеше 36-годишниот ветеран Том Хотон ), додека Маркус Рашфорд играше во второто полувреме. Како и опоравените Ентони Марсијал и Џејдон Санчо .

Марсијал беше тој што го најави триумфот на домашните во 73. минута, а само три минути подоцна, по одличната акција во која учествуваа неколку играчи на Јунајтед, Рашфорд како на чинија му асистираше на Бразилецот Фредо .

Гостите од Нотингем во ниту еден момент не се предадоа, дури создадоа неколку шанси во првото полувреме, можеа да постигнат и почесен гол, но очигледно беше дека Манчестер Јунајтед е многу посилен и повеќе од заслужено се пласираше во финалето.

Јунајтед за првиот трофеј сезонава ќе се бори против Њукасл, кој во вториот полуфинален меч беше подобар од Саутемптон . Финалето е на 26 февруари на „Вембли“.

Последниот трофеј Манчестер Јунајтед го освои во 2017 година, кога предводен од Жозе Мурињо  , во финалето на Лига Европа, беше подобар од  поранешниот клуб на Ерик Тен Хаг .