Connect with us

Фудбал

Јувентус договори големо засилување, се ќе биде официјализирано денеска

Барселона веќе извесно време мака мачи со регистрацијата на Жил Кунде, но се чини дека проблемот конечно е решен за Каталонците.

 

Каталонскиот клуб претходно успеа да регистрира летни засилувања, а единствениот непријавен за новата сезона е Жил Кунде, кој неодамна од Севиља пристигна во Барселона.

 

Првото коло од новата сезона Кунде го следеше од трибините, но сите се надеваат дека тој утре ќе биде во конкуренција за натпреварот на Реал Сосиедад и дека Барселона ќе успее да го регистрира до утрешниот меч на Аноета.

Каталонски Спорт пишува дека проблемот конечно е решен благодарение на Мемфис Депај, кој речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

 

Медиумите во Шпанија и Италија утринава објавија дека Барселона и Јувентус постигнале договор околу трансферот на Депај, а денеска овие клубови ќе го официјализираат заминувањето на холандскиот напаѓач во Старата дама.

Барселона ќе го раскине договорот со овој напаѓач кој без обештетување ќе премине во Јуве, а од друга страна италијанскиот клуб ги прости бонусите кои Миралем Пјаниќ ги имаше во договорот кога потпиша за Барса.

 

Бонусите на Пјаниќ беа поврзани со настапите во дресот на Барселона, но беа избришани и Барса нема да мора да плаќа пари на Јувентус доколку играчот од средниот ред на БиХ ги активира тие бонуси во дресот на каталонскиот клуб.

 

Тоа беше решавачкиот дел од договорот меѓу Барселона и Јувентус, а исто така Депај веќе имаше договорено се со Старата дама.

 

Се очекува Јуве денеска да го официјализира неговото доаѓање, а Холанѓанецот во понеделник треба да дојде во Торино за да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со италијанскиот клуб.

 

Депај сигурно ќе биде големо засилување за Јувентус и се очекува да биде тандем во нападот со Душан Влаховиќ. Во изминатата сезона за Барса постигна 13 гола во сите натпреварувања.