Connect with us

Фудбал

Јувентус ја одби понудата од Манчестер Јунајтед

Во пресрет на летниот преоден рок Јувентус уште при првиот контакт ја одби понудата од Манчестер Јунајтед за трансфер на Даглас Коста.

Бразилскиот репрезентативец беше еден од приоритетите на Жозе Мурињо во поглед на засилувањата за новата сезона, но менаџерот на Манчестер Јунајтед ќе мора да бара нова опција за освежување на тимот.

Старата дама не сака да се откаже од 27-годишниот Бразилец, кој минатата сезона настапуваше како позајмен играч од Баерн и најави дека е подготвена на Баварците да им плати 40 милиони евра за целосно откупување на договорот.

Даглас Коста сезонава во дресот на Јувентус одигра 47 натпревари во сите конкуренции, постигна шест гола и имаше 14 асистенции.